Добродојдовте во вила Велестово

Добродојдовте во вила Велестово, место со рурален и модерен карактер која може да биде Вашиот дом додека сте на годошен одмор. Прекрасната рурална средина и повлечената локација без други куќи во близина е создадена за одмор.

Вилата се наоѓа на само 5 минути возење од центарот на Охрид и има прекрасен поглед на Охридското езеро и крајбрежје. Сместана е на планината позади Охрид која со својата богата шума му дава на Охрид свежина и чист воздух во жешките летни денови. Ова е идеално место за опуштање и одмор од сртесното секојдневие.

Посетете нашу делух сауни со поглед кон Охридско езеро.

 

Вилата е изградена во модерен стил и ги нуди сите удобности: интернет, сателитска телевизија, звучно и термички изолирана, опремена со удобен намештај. Околу вилата има прекрасен двор со многу места со удобни сенки за опуштање. За оние кои одморот не можат да го замислат без скара, вилата има покриена скара и место за јадење, и е одлично место за семејни ручеци со видик на езерото.

Градбата е со модерен стил во кој е вметнат карактеристичниот Охридски архитектонски стил и заедно чини естетски но ненаметлив изглед идеален за релаксиран одмор.