Next Prev

Сауна

Сауната е одличен начин за да додадете дополнително искуство во вашиот одмор, и ја имате оваа можност во Вила Велестово. Малку време поминато во сауна не само што ќе ви донесе чувство на мир и релаксација, туку исто така, ќе добиете и многу здравствени придобивки.

За да ви овозможиме уникатно, пријатно искуство во сауната, ја изградивме како традиционална колиба со непречен поглед кон Охридското Езеро. За да го доведеме вашето искуство во сауната на максимално ниво, се погриживме сауната да ја изградиме со материјали од Шведски врвен квалитет и опремени со најдобрата опрема за сауни Harvia.

Кога ќе сакате да уживате во сауна, треба да побарате резервација однапред. Ќе добиете традиционална кошничка со 100% памучна бањарка, крпа, и еден пар влечки.  Исто така можете да изберете од неколкуте миризливи ароми за целосно пријатно искуство во сауната.

 Тоа се 3 часа уживање во сауна за само 20 евра.