Овој апартман е исполент со меки и светли бои идеален за луѓе кои сакаат фина мешавина на рустичен и модерен изглед. Со поплочениот под и модерните свежи слики на ѕидовите, апартманот пружа сеопфатна свежа и релаксирачка атмосфера.
Апартманот е опремен со потополно функционална кујна а трпезарискиот дел е со рачно изработена маса и клупи од дабово дрво и нуди незаборавно чувство на рурална чистота смиреност.
Дневниот престој е опремен со удобна беж гарнитура за седење каде 5 луѓе удобно можат да гледаат сателитски канали на 32 инчниот телевизор. Со лизгачката врата се отвара прекрасен поглед на езерото а големиот балкон е идеален за релаксација, утринско кафе и впивање на планинската свежина со сите сетила.
Апартманот исто така има и двокреветна соба опремена со дабов намештај и поглед на планината, соба створена за подолг сон и касни утра.
Купатилото е наместено во модерен портокалово-бел стил со модерна туш кабина.