Next Prev

Aпартман 3 | 35.00 EUR

Ако претпочитате свеж и чист простор зачинет со афрички орнаменти, овој апартман е идеален за Вас.

Со потполно функционална кујна и црно-бела трпезарија и дневен дел, овој апартман навистина нуди уникатен одмор. Лизгачката врата ја отвара дневната соба кон балконот и нуди непречен поглед кон Охридското езеро. Балконот е идеален за доручек, утринско кафе и уживање во чистиот и свеж планински воздух.

Спалната соба е опремена со намештај од црешово дрво и украсена со афрички орнаменти кои ствараат исклучително удобен простор за спиење. Прозорецот во спалната гледа кон планините а со роло-венецијанерот може да уживате в кревет дури и во поодминатите утрински часови.

 

Резервација