Next Prev

Aпартман 2 | 65.00 EUR

Со дрвениот под, овој апартан зрачи со топлина, гостољубивост и удобност. Ова е потенцирано и со намештајот во бордо-бела комбинација прикладен за луѓето кои претпочитаат топла атмосфера.

Апартманот има потполно функционална кујна со маса и столици изработени од црешово дрво. Просторот за дневен престој има удобна гарнитура за седење на која може удобно да се сместат 5 луѓе. Има 32 инчен телевизор со сателитски програми а балконските лизгачки врати може во потполност да го отворат просторот кон балконот кој е идеално место за утринско кафе или за читање на омилената книга во мир и тишина. Единствено би го чуле мирниот ветер и птиците.

Апартманот е опремен со спална соба и намештај од црешово дрво, како и венецијанер ролетни за дополнителна приватност.

Има и засебна двокреветна соба за деца или пријатели со поглед на планината која се издига на преку 1500 метри надморска висина.

Купатилото е со модерен дизајн и изобилство на топла вода благодарен

Резервација