За луѓето кои сакаат на само да го поминат одморот, овој апартман за дваца со одвоена спална соба е иделаен за одмор. Со дрвен под и мирни бои овој апартман нуди мирна и пријатна атмосфера.
Овде добивате одличен спој на модерното и рустичното, потполно функционална кујна, елегантна рачно изработена трпезариска маса и столици од дабово дрво, направени од локалните мајстори, и клизна врата која пружа прекрасен поглед на Охридското езеро. Засенетиот балкон е идеално место за релаксација со непречен поглед на езерото и градот.
Спалната соба има француски кревет и поглед на планината кој нуди дополнителна свежина.
Купатилото е во црно-бел модерен стил и е добро усогласено со опуштената модерена атмосфера на апартманот во кој сигурно ќе имате опуштен одмор.